OUMOU SANGARÉ

5 June • Macedonian Opera and Ballet, 20:30

OUMOU SANGARÉ vocal
GUIMBA KOYATE guitar
ELISE BLANCHARD bass
JON GRANDCAMP drums
ALEXANDRE MILLET keyboards
ABOU DIARRA kamele n'goni
EMMA LAMADJI backing vocal
KANDY GUIRA backing vocal

Уму Сангаре е суперѕвездата од Мали, најголемата африканска пејачка и добитник на наградата Греми. Таа е Амбасадор на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО и Womex 2017 Artist Award Winner. Таа е пејач, композитор и посветен активист за правата на жените во родната Мали и целата Африка. Родена е во Бамако, Мали, својата музичка кариера ја започна на рана возраст пеејќи традиционални песни. Таа го сними својот спектакуларен прв албум "Moussolou“ на дваесетгодишна возраст. Возвишениот глас на Сангаре, со високите ноти и богатата рапавост е радост за душата. Огромен е нејзиниот придонес кон развојот и збогатувањето на музиката преку интернационалната музичка соработка, каузата за мир и огромното разбирање помеѓу сите раси и народи. Стилот на пеење на Сангаре е Васулу и затоа е позната како „песнопојната птица на Васулу“. Тоа е популарен музички жанр произлезен од народните традиции во руралниот југозападен дел на Мали. Токму тој стил ѝ донесе меѓународен успех и со него продолжува да ја доближува Васулу културата и традицијата до светската публика. Последниот албум "Mogoya“, кој многумина го прогласија за албум на годината во 2017, претставува ново возбудливо поглавје во нејзината кариера.

Oumou Sangare is the superstar diva from Mali, the greatest African singer and a Grammy-award winner. Goodwill ambassador of the United Nations, winner of UNESCO International Music Prize and. Singer, composer and activist who champions women's rights in her native Mali and throughout Africa. Born in Bamako, Mali, she started her musical career at an early age by singing traditional songs. She recorded her spectacular debut album “Moussolou” at only 20 years of age. Sangaré’s voice is a soulful joy, soaring to high notes and resounding with a husky richness. Her contribution to the enrichment and the development of music, as well as for the cause of peace, for the understanding among peoples and international cooperation is huge. Sangaré's style is wassoulou, and she is recognized as “The Songbird of Wassoulou”, a popular musical genre derived from folk traditions in the rural southwestern part of Mali. That style has brought her international stardom and she continues to bring the Wassoulou culture and traditions to a global audience. The latest album “Mogoya”, voted by many as best álbum for 2018, represents an exciting new chapter in her career.

www.last.fm/music/Oumou+Sangare