FIGHTING WINDMILLS

1 June • MKC Dancing Hall, 21:00

FILIP BUKRSHLIEV guitar
NIKOLA GUGOSKI guitar
NINOSLAV SPIROVSKI saxophone, clarinet
DENI OMERAGIC bass
ANTONIE VESKOVSKI drums

Fighting Windmills е состав, формиран во 2007 година, во кој членуваат пет музичари од помладата македонска генерација. Музиката која ја создава оваа група не подлежи на никаква категоризација, сосем природно пронаоѓајки го својот идентитет во играта со повеќе жанровски и стилски извори, меѓу другите и со пост-рок, фри-џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во својата дискографија имаат пет албуми, а во меѓувреме, соработуваат со некои од најинтересните чинители на македонската современа џез сцена, како Sethstat и Јордан Костов. Во моментов се актуелни со нивниот најнов албум "An Exercise in Surprise“, издаден во април 2018 година. На него, покрај веќе воспоставените насоки, бендот флертува со елементи на современиот скандинавски џез, диско-панк и теми од соло-делниците на Чарли Паркер. Насловот на албумот и насоката во којa се движи ова издание се делумно инспирирани од легендарниот квинтет на Кен Вандермарк.

Fighting Windmills is а band established in 2007, featuring five musicians from the younger Macedonian generation. The music created by this group is not subject to any categorization and naturally finds its identity in the interplay with several genres and styles, among others with post-rock, free jazz, post-punk, folklore, ambient and contemporary classical music. They have five albums in their discography, in between cooperating with some of the most interesting acts from the Macedonian contemporary jazz scene, such as Sethstat and Jordan Kostov. The brand new album "An Exercise in Surprise", was released in April 2018. In addition to the already established directions, on their latest release the band coquettes with elements of contemporary Scandinavian jazz, disco-punk and themes from Charlie Parker's solo sections. The title of the album, and not only, is partly inspired by Ken Vandermark's legendary quintet.

fightingwindmillsmk.bandcamp.com