GAYE SU AKYOL

2 June • MKC Dancing Hall, 23:00

GAYE SU AKYOL vocal
ALI GÜḈLÜ SIMSEK guitar
GÖKHAN SAHINHAYA bass
GÖRKEM KARABUDAK guitar, keyboards
EMRAH ATAY drums

Пејачката Гаје Су Акјол растејќи во Истанбул, градот кој низ вековите привлекувал и спојувал различни култури, ја вдишува секоја длабока и слоевита историска одлика на секојдневието, заедно со древните корени на нејзиното семејство од Анатолија. Овие богати традиции се спојуваат за да формираат дел од звукот кој што таа го развива и совршените турски мелодии се испреплетуваат околу пикантните, вибрирачки гитари и ритми. Повторувањето на турските слатко - горчливи искуства од минатото и драматичната сегашност ги прават нејзините текстови храбри и особено лични. Гаје Су Акјол е извонредно успешна во спојувањето на рок и „инди” музиката со препознатливиот турски звук. „Мојот стил наликува на старото турско пеење, богатo и експресивнo“, вели таа. „Мојата музика е нешто ново во Турција, но и во светот затоа што е мешавина на многу стилови“. Во универзумот на Гаје Су Акјол, минатото ја обвиткува сегашноста и ја наговестува иднината. Нејзиниот последен албум "Hologram Ĭmparatorluğu“ е енергичен, моќно опоен и отровно убав. Тој беше проследен со брилијантна европска турнеја.

Growing up in Istanbul, the city that across the centuries drew in cultures and blended them, singer and songwriter Gaye Su Akyol breathed all the deep, layered history in every day, along with her family’s Anatolian ancient roots. Those rich traditions combine to form part of the sound she’s developed where sultry Turkish melodies twine around spiky, twanging guitars and insistent rhythms. Echoing the bittersweet tendrils of Turkey’s faded past and dramatic present, her lyrics are bold and deeply personal. She artfully mixes Western rock and indie music with a very distinctive Turkish sound. “My style is a bit like old Turkish singing. It is a rich, expressive style” says Su Akyol. “My music is something new in Turkey and also in the world because it is a mixture of styles”. In Gaye Su Akyol’s universe, the past becomes folded into the present and launched into the future. Her last album “Hologram Ĭmparatorluğu” from 2016, released for the best label in the world, specialized in global sounds – Glitterbeat Records, is heady, vibrant, powerfully intoxicating and poisonously beautiful. Followed with acclaimed, masked performance tour in Turkey and at festivals across Europe.

gayesuakyol.bandcamp.com