IFRIQIYYA ELECTRIQUE

2 June • MKC Dancing Hall, 21:30

FRANÇOIS CAMBUZAT guitar, electronics, vocal
GIANNA GRECO bass, vocal
TAREK SULTAN vocal, table, tchektchekas
YAHIA CHOUCHEN vocal, tabla, tchektchekas
YOUSSEF GHAZALA vocal, tchektchekas

Ifriqiyya Electrique е уникатен проект. Повеќе од концепт, тоа е вистински адорцистички обред и транс кој што го практикува заедницата Банга. Настап на Банга музичарите во интеракција со електроника и засилувачи. Рекомпонирана музика, трансцендентална и пост-индустриска церемонија. Несомнено, вкоренета во африканските традиции и звуци, нивната традиционална звучност е целосно трансформирана меѓу индустриските звуци и острите гитарски линии. Банга е древна музичка традиција карактеристична за јужниот дел на пустината во Тунис, со цврсти, метални перкусии и групирани гласови. Истовремено, тоа е ритуал со кој се повикуваат духовите да влезат во телото и умот. Ifriqiyya Electrique се конверзација на ритмите и песните на тројцата Банга музичари, со гитарата, басот и електрониката. Нивниот деби албум "Rûwâhîne“ објавен во мај 2017 година за Glitterbeat Records беше меѓу првите десет на светските музички листи во Европа и САД. Тоа е неверојатнo делo, неслушнато досега и тешко повторливо.

Ifriqiyya Electrique is an unique project. More than a concept, it is the true adorcist rite and trance as practiced by the Banga community. A performance with Banga musicians interacting with electronics and amplifiers. A recomposed music, a transcendental and post-industrial ceremony. Undoubtedly rooted in African traditions and sounds, their traditional-sounding music is completely transformed amongst industrial noises and hefty guitar lines. The Banga is an ancient musical tradition from the southern Tunisian desert that features stark, metallic percussion and grouped voices of cool urgency. It is also a ritual where spirits are coaxed and invited to possess one's body and mind. Ifriqiyya Electrique is a conversation between the rhythms and chants of the band's three Banga musicians and guitar, bass and electronics. Their debut album “Rûwâhîne”, released in May 2017 for Glitterbeat Records, was amongst the top-ten at World music charts in Europe and US. It is one of the most amazing pieces of work, maybe never heard before and never to be heard again.

ifriqiyya-electrique.org