7 - 10 јуни 2023

IRENA & VOJTĚCH HAVLOVI

10 јуни • МКЦ Кино Фросина, 20:00

IRENA HAVLOVA виола да гамба, пијано, вокал

VOJTĚCH HAVEL виолончело, пијано, вокал


Чешкото дуо Ирена и Војтех Хавлови (The Havels) има речиси 40-годишна заедничка уметничка кариера и партнерство зад себе. Започнаа да работат заедно во средината на 80-тите како дел од експерименталниот ансамбл Capella Antiqua e Moderna, уникатна асоцијација на музичари чиј репертоар опфаќаше различни стилови на европската класична музика: од ренесансата до современата. Со текот на годините тие минаа низ неколку сопствени развојни фази, патувајќи далеку и широко, низ времето и просторот. Со својот инвентивен и неортодоксен пристап кон историските и модерните композициски техники и интерпретативни процеси, Хавлови развија уникатен и музички автономен јазик кој е тешко, ако не и невозможно, да се дефинира и кој продолжува да расте до ден-денес. Во изминатите 40 години тие бележат бројни значајни соработки. Учествуваа во раѓањето на чешкиот видео-арт (Радек Пилар), а го придружуваа и егзистенцијалниот современ танц (Ева Черна и Карел Ванек). Прославениот независен режисер Винсент Мун сними документарен филм за нив. Композицијата на Брајс Деснер „Little Blue Something“, создадена во чест на музиката на дуото од Прага, која ги користи нејзините мотиви, ја снимиja Kronos Quartet на албумот „Aheym“. Музичарите од бендот The National, како и Суфјан Стивенс, се меѓу долгогодишните обожаватели на Ирена и Војтех Хавел. Нивната музика е отворена и сè уште добива нови стимули.

havlovi.wz.cz sounds of europe Funded by the EU