JUPITER & OKWESS

31 May • MKC Dancing Hall, 21:00

JUPITER BOKONDJI lead vocal, tam-tam
YENDE BALAMBA bass, vocal
BLAISE SEWIKA shakers, vocal
RICHARD KABAMGA lead guitar
ERIC MALU-MALU second guitar
MONTANA KINUNU drums

Јупитер Боконџи, симболичниот „Генерал на бунтовниците“, го врати почесното место на Киншаса, како центар на африканската музика. По враќањето во Конго тој го откри доминантниот румба-стил, но истовремено и мноштвото на други ритми и стилови кои опстојуваат во сенките на румбата, реминисценции на фанкот, соулот и рокот. Користејќи ја врската помеѓу музичките традиции на Конго и западната музика, Јупитер создаде свој оригинален музички израз. Опкружен со извонредниот состав Okwess International, тој во митската румба на Конго ги внесе фанкот и урбаните ритми. Богатиот звук на бендот го привлече вниманието на продуцентот Дејмон Албарн и Jupiter & Okwess станаа едни од најсјајните ѕвезди на турнејата Africa Express, организирана од Дејмон, настапувајќи на многу места, меѓу кои и на фестивалите Glastonbury и Womad. Нивниот последен албум "Kin Sonic“, објавен во 2017 година за Glitterbeat Records, продолжува со истражувањата и патувањата низ богатото музичко наследство на Конго.

Jupiter Bokondji, the "Rebel General", emblematic figure of the Congolese scene, gives back to Kinshasa its rank of African music capital. Back in Congo, he discovered the ultra-dominant Congolese rumba style, but also a multitude of other rhythms and styles that vegetate in the shadows of rumba, all strangely reminiscent of funk, soul and rock. With the spark provided by this apparent complicity between Congolese traditions and Western music, Jupiter decided to create his own mode of musical expression. Surrounded by the marvelous Okwess International soul men, he infuses funk and urban groove to the mythical Congolese rumba. As a result of years of hard work, the band has become the melting pot of traditional Congolese music and modern, international sounds. The colorful sound of the band caught the attention of Damon Albarn and Jupiter & Okwess have since become one of the brightest stars of the Africa Express tour curated by Damon, performing at a variety of venues including Glastonbury and Womad. Their last album “Kin Sonic”, released in 2017 for Glitterbeat Records, finds its voice in the exploration of a heritage that has remained totally hidden until now.

jupiterandokwess.com