1 - 4 јуни 2022

SANTROFI

4 јуни • МКЦ Дансинг сала, 24:00

EMMANUEL KWADWO OFORI лидер на бендот, бас, вокал

BERNARD GYAMFI тромбон DOMINIC QUARCHIE гитара, вокал

PRINCE LARBI тапани, вокал NOBERT WONKYI ARTHUR труба, шекере

EMMANUEL BOAKYE AGYEMAN клавијатури, вокал, традиционален танц

ROBERT KOOMSON водечки вокал, дондо, гитара

EMMANUEL KUNTU-BLANKSON перкусии


Дури и без издаден албум, тие веќе го потпалија светот полудувајќи ја публиката низ цела Европа со својата летна турнеја во 2019-та, вклучувајќи ги фестивалите Sines (Португалија), WOMAD (Велика Британија), Roskilde (Данска) и WOMEX (Финска). На овој млад деветчлен олстар бенд од Гана не му недостигаат талентирани музичари и енергија на сцената. Нивниот деби-албум “Alewa” испорачува - директно од улиците на Акра - нов бран свеж highlife звук вкоренет во минатото но со поглед кон иднината. Групата Santrofi, формиранa од басистот и продуцент Емануел Офори, кој „се хранеше од изворот“ настапувајќи со Ебо Тејлор и Пет Томас, е длабоко инспирирана од highlife музиката на Гана во сите нејзини облици. Влијанијата се движат од возбудливиот, динамичен, гитарски, денс-ориентиран highlife од 70-тите, преку различните етно форми на highlife фанкот, па сè до полиритмичните битови и мелодии со кои популарниот afrobeat го инфицираше целиот свет. На сцената, тие ја уриваат секоја можност за хиерархија: музичарите ги менуваат своите улоги, растејќи со развивање на талентот на другиот и усогласувајќи се како целина. Заедно, тие имаат моќ да збришат сè пред себе. А ова е само почеток.

www.facebook.com/santrofimusic