• LINA_RAÜL REFREE

  • ŠIROM

  • KIKO DINUCCI

  • PIJAN SLAVEJ

  • BLICK BASSY

OFFest стартуваше во 2002 година, како втор фестивал кој се издигна од долгогодишната традиција на Скопскиот џез фестивал. Идејата беше да се создаде уште еден значаен музички настан, во различен период од годината и жанровски пошироко ориентиран. Иницирањето на OFFest се наметна како природен чин во ерата на глобализацијата, којашто резултираше со подигнување на креативноста, популарноста и свесноста за таканаречената „музика на светот“. OFFest ја доловува разновидноста на музиката од сите континенти, фокусирајќи се на одделни категории: од традиционалната, етно, фолк и изворна музика сè до современите, урбани и експериментални музички струења. Листата на учесници низ историјата на OFFest е импресивна.