6 - 9 June 2024 En

ЗА НАС

OФФест стартуваше во 2002 година, како втор фестивал кој се издигна од долгогодишната традиција на Скопскиот џез фестивал. Идејата беше да се создаде уште еден значаен музички настан, во различен период од годината и жанровски пошироко ориентиран. Иницирањето на ОФФест се наметна како природен чин во ерата на глобализацијата, којашто резултираше со подигнување на креативноста, популарноста и свеста за таканаречената „музика на светот“. ОФФест ја доловува разновидноста на музиката од сите континенти, фокусирајќи се на одделни категории: од традиционалната, етно, фолк и изворна музика сè до современите, урбани и експериментални музички струења. Листата на учесници низ историјата на ОФФест е импресивна. Покрај големите имиња од светската сцена, вклучувајќи ги и оние од егзотичната музичка сцена, и во третата декада на фестивалот останува нашата мисија да ги откриваме и претставуваме и помалку познатите музички стилови, истражувајќи ја врската помеѓу старото и новото. OФФест е член на извонредно значајната и влијателна организација „Форум на светските фестивали“ (Forum of Worldwide Music Festivals). Ова е мрежа на елитните фестивали од овој тип, кои ја споделуват мултикултурната визија за светот сочинет од мноштво „парчиња“, во изразот и содржината различни, но по вредноста еднакви традиции. ОФФест е организиран од Установата за уметнички дејности „Скопски џез фестивал“.

About offest image.